Неверојатни трошења на американската влада откриени од сенаторот Ренд Пол во неговиот годишен извештај Фестивус.
Речиси 50 милиони долари се потрошени за истражување на мајмуните – 36 милиони долари за проектот на д-р Ентони Фаучи наречен „Островот на мајмуните“ во Јужна Каролина, уште 477.000 долари за истражувањето на истиот научник за присилната промена на полот кај мајмуните.
Но, можеби највпечатливо е 3,7 милиони долари дадени на 9-годишното истражување за склоноста на мајмуните за коцкање, пренесуваат медиуми.
Сенаторот откри и скандалозни трошоци во други насоки – грант од 2,7 милиони за истражувачи во Санкт Петербург, кои вршат операции на мозокот на мачките, а потоа ги тераат да трчаат по патека.
Од нејасни причини, биле платени 8.395 долари за купување на луксузен резервоар за јастог.
Уште 6 милиони се дадени за рекламирање на туристичките атракции на Египет.
„Што понатаму?! Ајде повторно да ги изградиме пирамидите“, иронично прашува сенаторот Пол во извештајот.
Друг неверојатен трошок бил 1,7 милиони за мерење на температурата на 16 лабрадори со различни бои кои биле изнесени на прошетка на жештината за да дознаат дали тоа влијаело на нивната боја.
„Кој е виновен за нашиот огромен долг?! Сите! Истите големи потрошувачи повторно се здружија за да продолжат да ги испраќаат тешко заработените пари на Американците во странски земји и да финансираат бескрајни војни, а сето тоа игнорирајќи ја високата пропустливост на нашата јужна граница“, коментираше сенаторот.






