Поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт (84) положи заклетва како нов претседател на Комитетот за одбранбена политика на САД.
Именувањето доаѓа речиси точно една година откако администрацијата на Трамп ја отстрани неа и другите експерти за национална безбедност од советодавниот комитет.
Олбрајт е првата претседателка на одборот откако министерот за одбрана Лојд Остин започна ревизија на советодавните комитети на Пентагон на почетокот на оваа година, јавува Си-Ен-Ен.







