Еексперименталниот лек remdesivir кој им бил даден на пациенти со ериозни респираторни симптоми се покажал делотворен и ие брзо се опоравиле од коронавирусот, а некои биле пуштени од болница по неколку дена, објави порталот СТАТ Њуз, јави Си-ен-ен.



„Загубивме само двајца пациенти, а огромно мнозинство е пуштено дома“, изјави Кетлин Мулан, специјалистка која го води експерименталното лечење за коронавирус на Универзитетот во Чикаго.

Од Универзитетот велат дека резултатите од експериментот ќе ги објави кога периодот на ваквото лечење ќе заврши и немало дополнителни коментари.

Во светот сè уште не постои одобрена терапија за лечење на ковид-19, но американскиот Национален институт за здравство започнува експериментални терапии со неколку лекови, од кои еден е спомнатиот ремдесивир. Истиот лек бил тестиран во лекувањето на ебола, но не бил успешен. Но, тестирања врз животни покажале дека може да биде корисен во лекувањето на ковид-19, САРС и МЕРС.

СЗО во февруари објави дека ремдесивир има потенцијал за лекување на коронавирусот.