
САД им дадоа одобрение на Данска и Холандија да испратат борбени авиони Ф-16 во Украина, според официјални лица.
Не беше јасно кога Украина би можела да ги добие авионите, кои долго време ги бара за да се спротивстави на воздушната супериорност на Русија.
Во објава на X, платформата порано позната како Твитер, холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра рече:
„Ја поздравуваме одлуката на Вашингтон да го отвори патот за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина“.
САД мора да одобрат трансакции со Ф-16 бидејќи авионите се произведени во САД. И покрај веста, не e јасно кога Украина ќе ги добие авионите.
Пилотите мора да поминат опсежна обука пред Украина да ги прими авионите.





