Американскиот суд дозволи заплена на два авиони во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович.
Причината е кршењето на забраната за извоз и американските санкции против Русија, соопшти американското Министерство за правда.
Федералниот судија во Њујорк го одобри заплената што ја побараа федералните агенти, а тоа се авионите Боинг 787-9 и Гулфстрим Г650ЕР, чија вредност се проценува на повеќе од 410 милиони американски долари.
Американскиот суд тврди дека двата авиони биле увезени во Русија од трети земји во март.
„Боингот“ моментално е во Обединетите Арапски Емирати, а другиот е во Русија.
Не е јасно како американските власти ќе имаат можност да ги запленат авионите, но веројатно оваа пресуда ќе го отежне меѓународното патување на тие авиони во иднина, пренесува Индекс.
Американските власти побараа и парична казна од двојно поголема од вредноста на авионот.







