Милиони дози вакцини против Ковид ќе бидат уништени во Соединетите држави во услови на глобален недостиг на лекови против вирусот, пишува Гардијан.
Плановите на властите во земјата дека секој Американец ќе сака да добие вакцина пропаднаа, додава весникот.
Уште летото, на повеќето вакцини започна да им истекува рокот на употреба, а за тоа е виновен и раширениот скептицизам за вакцинацијата.
Најмалку 15 милиони дози беа отфрлени во периодот од март до септември, според анализата на Американската администрација за храна и лекови.
Веста доаѓа во услови на глобален недостиг за вакцини, додека милиони луѓе ширум светот не примиле ни прва доза.
Само 1% од населението во сиромашните земји добиле една доза на лекот до јули, во споредба со повеќе од половина од населението на богатите земји.






