Комплексот во кој беше сместен Генералштабот на војската на Југославија и кој беше урнат за време на бомбардирањето во 1999 година, по повеќе од две децении ќе биде обновен.



По посетата на претставникот, претседателот на САД,

Ричард Гренел, специјален пратеник на американскиот претседател, за време на последната посета на Белград изјавил дека САД би сакале да учествуваат во реновирањето на овие згради, пишува Б92.

Заменик градоначалникот на Белград Горан Весиќ вели дека на некој начин ја покажува симболиката на добрите односи меѓу Србија и Соединетите држави.

„Тоа покажува дека дојде ново време во нашите односи кога сме почитувани, ценети, дека сега со тој геста сакаат да покажат дека Србија е вистински пријател“, рече Весиќ.

Сè уште се шпекулира за новата намена по реновирањето. Доналд Трамп, и пред да стане американски претседател посакувал комплекост да го обнови и да го пренамени во хотел, а слични идеи имало и од Обединетите Арапски Емирати, пишува порталот.

„Дали ќе биде административна зграда како што беше кога војската беше таму, или ќе биде хотел или нешто друго, мислам дека тоа е помалку важно…“ вели Весиќ, според кој за ова ќе одлучи државата.