За за прв пат по 15 години, Соединетите Американски Држави планираат да стационираат нуклеарно оружје во Велика Британија поради растечката закана од Русијa, откриваат документите на Пентагон во кој имал увид „Телеграф“.
Документите потврдуваат дека САД имаат намера да постават нуклеарни боеви глави со три пати поголема од јачината на бомбата во Хирошима во воздухопловната база.
САД отстранија нуклеарни проектили од Обединетото кралство во 2008 година, бидејќи тогаш заканата од Студената војна со Москва била намалена.
Портѕпарол на Министерството за одбрана на Обединетото Кралство за новинарите изјави:
„Долгогодишната политика на Обединетото Кралство и НАТО е ниту да го потврдуваат ниту да го негираат присуството на нуклеарно оружје на одредена локација“.
„Телеграф“ наведува дека трансферот на нуклеарните бомби произлегува од програмата на НАТО за развој и надградба на нуклеарни локации, што е поттикнато од руската инвазија на Украина.






