САД: Ќе се вакцинираат деца под 5-годишна возраст против Ковид-19

Соединетите Американски Држави од утре започнуваатт со вакцинирање на деца помлади од пет години против коронавирус, објави АП.



Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) вчера ја одобри употребата на производите на Pfizer и Moderna за оваа возрасна група.

Тројната вакцина на Фајзер ќе се користи за деца на возраст од шест месеци до четири години, додека двојната вакцина на Модерна ќе се користи за деца на возраст од шест месеци до пет години.

Се предвидува околу 18 милиони деца да можат да се вакцинираат.

Од почетокот на пандемијата СОВИД-19 во Соединетите држави, околу 480 деца на возраст под пет години починале од оваа болест.