САД ќе примат 125.000 бегалци до септември 2023-та

Американскиот претседател Џо Бајден препорачува САД да примат 125.000 бегалци во фискалната 2023 година, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.



Предложената цел – иста како и за оваа фискална година – „ќе биде во согласност со растечките хуманитарните кризи низ планетата, вклучително и повеќе од 100 милиони раселени луѓе во светот“, рече Прајс во соопштението за печатот.

Бајден, кој ја презеде функцијата во 2021 година, вети дека ќе го промени курсот откако неговиот претходник, републиканецот Доналд Трамп го намали бројот на примени бегалци на само 15.000, што е најниско ниво во историјата на модерната програма за бегалци.

Администрацијата на Бајден прими помалку од 125.000 бегалци во фискалната година која завршува на 30 септември.

До 31 август, САД примија само 19.919 бегалци, според американската влада.