Одлуката ќе биде објавена на состанокот на НАТО на 29 и 30 јуни, објавија полските медиуми.
Повиците на високи полски функционери, вклучително и министерот за одбрана Мариуш Блашчак, за постојано присуство на американски војници во земјата по рускиот напад врз соседна Украина се интензивираа во последните недели, објави polskatimes.pl.
Вашингтон сè уште не одлучил за точната големина на постојаното присуство, но Полска се залага за американски сили од 10.500 лица.
Во меѓувреме, „американската воена опрема веќе се доставува во Полска, што е од големо значење“, изјави друг полски владин претставник, кој побара анонимност.
Војската на САД гради складиште од 360 милиони долари во областа Повиц во западна Полска.
Градот е од стратешко значење бидејќи се наоѓа веднаш до руската енклава Калининград.







