Високи американски функционери во сабота отпатуваат за Венецуела за да се сретнат со владата на претседателот Николас Мадуро, додека администрацијата на Бајден ги засилува напорите да ја одвои Русија од нејзините преостанати меѓународни сојузници во услови на се поголем ќор-сокак околу Украина, пишува „Њујорк тајмс“.



Патувањето е посета на највисоко ниво на официјални претставници на Вашингтон на Каракас, главниот град на Венецуела, во последните години.

Соединетите Држави ги прекинаа дипломатските односи со г-дин Мадуро и ја затворија својата амбасада во Каракас во 2019 година, откако го обвинија авторитарниот лидер за изборна измама.

Администрацијата на Трамп потоа се обиде да ја собори владата на Мадуро со санкционирање на извозот на нафта од Венецуела и високи функционери на земјата и со признавање на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за легален претседател на Венецуела.

Мадуро одговори на санкциите барајќи економска и дипломатска помош од Русија, како и од Иран и Кина. Руските енергетски компании и банки и помогнаа на Венецуела да продолжи да извезува нафта, најголемиот извор на девизи во земјата.

Руската инвазија на Украина ги поттикна Соединетите држави да обрнат поголемо внимание на сојузниците на претседателот Владимир Путин во Латинска Америка, за кои Вашингтон верува дека би можеле да станат закани за безбедноста доколку се продлабочи ќор-сокакот со Русија, велат сегашни и поранешни американски претставници кои зборуваа под услов анонимност за да разговараат за чувствителни политички прашања.

Кога САД и нивните сојузници почнаа да размислуваат за санкции за извозот на руска нафта и гас овој месец за да ја казнат земјата за уништувањето предизвикано во Украина, истакнати гласови поврзани со двете големи американски политички партии ја посочија Венецуела како потенцијална замена.

Овој потег ќе има цел да ја намали глобалната зависност од руската нафта поради руската инвазија на Украина и да ја изолира Русија од еден од нејзините клучни сојузници во Јужна Америка, пишува Њујорк тајмс.

FILE PHOTO: An oil tanker is seen at Jose refinery cargo terminal in Venezuela in this undated file photo. REUTERS/Jorge Silva