Станува збор за проектили кои кои редовно ги користи американската војска и кои, испукани со голема брзина, можат целосно да го уништат секој тенк од голема далечина, пишува Wall Street Journal.



„Ракетата удираа како товарен воз“, рече Скот Бостон, воен аналитичар во корпорацијата Ранд и поранешен артилериски офицер на армијата.

Во Белата куќа веќе се разговараше за можноста за испраќање на овие ракети во Украина, а некои официјални лица изразија загриженост дека тоа би можело да предизвика критики на Вашингтон за вооружувањето на Киев со оружје што има сериозни еколошки последици и може да предизвика непредвидливи реакции од Кремљ.

Највисоките функционери на администрацијата на Бајден посочуваат дека целта на САД е да и дадат поддршка на Украина во напредувањето на бојното поле во новата контраофанзива, за Киев да биде посилен во преговорите, доколку евентуално се одржат мировни преговори.

Додека САД ги разгледуваа своите опции, Велика Британија веќе испорача тенкови Челинџер во Украина, заедно со гранати кои користат осиромашен ураниум за да навлезат во оклопот.

Според извештајот на Програмата за животна средина на Обединетите нации минатата година, „хемиската токсичност“ на осиромашениот ураниум претставува најголема потенцијална опасност и може да предизвика иритација на кожата, оштетување на бубрезите и да го зголеми ризикот од рак.