САД ќе ѝ достават „паметни ракети“ на Украина

Соединетите Држави планираат да ѝ обезбедат на Украина напреден ракетен систем за да му помогнат на Киев во борбата против руските сили, објави Њујорк Тајмс.



„Одлучив да им обезбедам на Украинците посовремени ракетни системи и муниција што ќе им овозможат попрецизно да напаѓаат клучни цели на украинското бојно поле“, објави американскиот претседател Џо Бајден за весникот.

Официјален претставник на американската администрација, кој сакаше да остане анонимен, веднаш рече дека ќе бидат испратени само проектили со дострел до 80 километри… Овие системи ќе ги користат Украинците за одбивање на руската офанзива на украинска територија, но нема да се користат против цели на руска територија“, објавија АП и АФП.

Ракетните системи HIMARS се дел од новиот пакет воена помош за Украина од 700 милиони долари, кој ќе вклучува и хеликоптери, системи за противтенковско оружје Javelin, тактичка опрема, резервни делови, возила и друго.

Асошиетед прес појасни дека тие се исклучително важно оружје за кое се молат украинските лидери додека се борат да ги запрат руските напади во Донбас.

Соединетите Држави се обидуваат да донесат деликатна одлука: да ѝ помогнат на Украина без ескалација на војната со обезбедување оружје што може да и овозможи на Украина да погоди цели длабоко во Русија.

Новиот американски воен пакет помош за Украина се очекува да биде објавен денеска.

Веста доаѓа еден ден откако Џо Бајден појасни дека Белата куќа нема намера да и испорачува на Украина ракети кои можат да стигнат до Русија.