САД и Кина со взаемни обвинувања за коронавирусот

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го повика Пекинг да не шири гласини за коронавирусот.
Минатата недела портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Зао Лианг, изјави дека е можно американската војска да го донела коронавирусот во градот Вухан, кој беше епицентар на пандемијата.
Портпарол на Стејт департментот потврди дека Помпео разговарал во понеделникот со претставник на Политбирото во Пекинг.



„Помпео жестоко ја критикуваше Народна Република Кина за обидот да ги обвини САД за Ковид-19. Помпео истакна дека ова не е време да се шират дезинформации и гласини, туку е време сите нации да се обединат за да се справат со заедничката закана“, соопштија од Стејт департментот.
САД минатата недела го повикаа кинескиот амбасадор во Вашингтон во врска со коментарите на Лианг дека американската војска е одговорна за епидемијата во Кина.