САД и Канада трагаат по собореното неиндетификувано летало кај огромното езеро Мичиген

Канадски истражители трагаат по остатоци од неидентификуван летечки објект, кој денеска бил соборен од американски ловци кај езерото Мичиген, на границата меѓу двете земји, пренесе „Ројтерс.



Ова беше трето вакво пресретнување на летечки објекти од американски ловци во последната недела. Властите во Вашингтон тврдат дека се работи за шпионски летала, а за едно од нив директно ја обвини Кина дека го испратила да ја шпионира Америка.

Претходно во недела, САД соопштија дека затвориле дел од воздушниот простор над пространото езеро.

„Тимовите за брза интервенција се на терен, го бараат објектот за да го анализираат“, изјави премиерот Џастин Трудо.

„Безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет и затоа донесов одлука тој неидентификуван објект да биде соборен“, рече тој, додавајќи дека тоа претставува опасност за цивилните авиони.