САД: Хеликоптер се урна на автопат – шест загинати

Хеликоптер што се користел за туристички летови се урна на автопат во американската сојузна држава Западна Вирџинија.



Во инцидентотзагинаа шест лица, јавува Ројтерс, повикувајќи се на локалните медиуми.

Хеликоптерот бил во пламен кога спасувачките екипи пристигнале на местото на настанот.

Беше објавено дека се работи за хеликоптер BellUH-1B од Виетнамската војна, а повеќе детали за овој инцидент засега се непознати, јавува Ројтерс.