САД го одобрија барањето на Косово за купување ракети „џавелин“

File written by Adobe Photoshop? 5.2

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, на денешната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ го информирал за одлуката на САД да го прифатат барањето од Косово за купување противтенковски ракети „џавелин“.



Како што изјави Хил, Стејт департментот ќе го испрати барањето на Приштина до Конгресот на САД, кој ќе ја започне официјалната процедура.

Вучиќ нагласи дека оваа информација е големо разочарување за Србија, но дека таа заедно со САД ќе работи за зачувување на српско-американските односи.

„За нас е од најголема важност мирот во регионот да не се нарушува и Србија да продолжи да се однесува одговорно и да придонесува за стабилноста на Балканот“, изјави тој.

Средбата со Хил следува откако претседателот на Србија вчера го посетија Рускиот дом со рускиот амбасадор Александар Боцан Харченко.

„Џавелин“ е пренослив противтенковски систем од американско производство во употреба од 1996 година и постојано се надградува. Се одликува со автоматско инфрацрвено водење до целта, како и со високо експлозивна противтенковска боева глава за уништување и на модерните тенкови со напад од врвот надолу, удирајќи ги одозгора, каде што нивниот оклоп е најтенок, а исто така е корисен и против утврдувања при директен напад.

Оружјето го имаше своето борбено деби во Ирак во 2003 година, а го користат и украинските сили во војната со Русија, каде што има широка употреба во уништувањето руски оклопни возила.