Соединетите Американски Држави да ѝ позавидат на Македонија за состојбата на економијата во време на пандемија од коронавирус, е заклучокот од спротивните информации од двете земји во ист ден.
Додека премиерот Зоран Заев од собраниската говорница на пратеничко прашање одговори дека „и во 2020 година, кога во целиот свет има пандемија, ние имаме едни од најдобрите економски резултати на европскиот континент“, Американците објавија рекорден пад.
Според Заводот за економска анализа, падот на американската економија лани бил 3,5 проценти, што е најлош резултат по 1946 година, кога изнесувал 11,6 отсто, објави британски „Гардијан“.
Само од април до јуни падот на бруто општествениот производ достигнал вртоглави 32,9 проценти!
Претходно, за време на светската економска и финансиска криза во 2009 година, БДП на САД се намали за 2,5 проценти.





