Русија поднесе кандидатура за членство во Советот на ОН за човекови права за периодот меѓу 2021 и 2023 година, неколку часа по повлекувањето на САД од ова тело, објавија руските медиуми, цитирајќи ја постојаната мисија на Русија во ОН.
“Русија ќе ја продолжи ефективната работа во Советот за човекови права за одржување на еднаков дијалог и соработка во областа на правата на човекот. соопшти првиот секретар на мисијата на Русија во ОН Фјодор Стржижовски.
Претходно американскиот амбасадор во ОН, Ники Хејли, го објави повлекувањето на САД од советот, обвинувајќи органот на ОН дека е „лицемерна и самодоволна организација која ги исмејува човековите права“.





