САД: Фабрика за мебел преку мејл и преку ноќ отпушти 2.700 работници

Компанијата за мебел United Furniture Industries со седиште во Мисисипи, која стана еден од најголемите производители на мебел во земјата, ја отпушти речиси целата своја работна сила преку е-пошта и СМС порака два дена пред Денот на благодарноста.



Околу 2.700 работници, од кои повеќето живеат во североисточниот дел на Мисисипи, а други во Северна Каролина и Калифорнија, останаа без работа во вторникот рано наутро.

Известувањето за отказите им пристигнал буквално преку ноќ, додека многумина спиеле, пишува Daily Mail.