Според твитот на Стејт департментот на САД, првата серија од оваа донација веќе е на пат кон Косово.
Државниот секретар Ентони Блинкен рече дека донацијата на 500.000 бакцини „Фајзер“ се испорачува преку КОВАКС механизмот и „ги претставува заедничките вредности и непоколебливите врски меѓу нашите народи“, пренесува Exit.al.
Во јули и август, Косово забележа скок на бројот на случаи на Ковид-19, а во изминатите неколку дена, на дневно ниво имаше и по 2.000 случаи – највисоки бројки од почетокот на пандемијата.
Во Косово има 18.287 активни случаи а повеќе од 500 луѓе бараат болничка нега.
Целосно вакцинирани се 234.731 лица, а 447.676 примиле една доза од вакцината.






