Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека добиле информации дека  Холандија дала дозвола нејзиниот колонијален островот Курасао во близина на брегот на Венецуела да се користи за агресивна интервенција во Венецуела.



„ На прв поглед, овој договор обезбедува пристап до инфраструктура во Курасао заобезбедување хуманитарна помош, но се покажа дека договорот не ја исклучува можноста за користење на други начини за доставување друг вид на помош покрај цивилната(…)Јасно е дека се работи за воена“ изјавила Захарова како што пренесува Тасс.

„Се надеваме дека властите на Курасао нема да дозволат  територијата на островот да се користи за почетокот на уште една западна авантура која се заканува да ја дестабилизира ситуацијата во регионот“, рече Захарова.