САД: Ден по изборите рекордни 102.591 случај на корона

Ден по претседателските избори, во САД се регистрирани рекордни 102.591 нов случај на коронавирус, а за прв пат по три месеци, САД имаат повеќе од 50 000 хоспитализарани, јавува Ројтерс.



Во вторникот, на денот на изборите, САД имаа трет најголем број нови случаи, 91.530, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

Соединетите држави имаа најмногу нови случаи до средата минатиот петок – 99 илјади.

Здравствените експерти стравуваат дека со доаѓањето на зимата, ширењето на вирусот може дополнително да се забрза бидејќи жителите ќе поминуваат повеќе време во затворени простории.

Од почетокот на пандемијата, САД имале 8,6 милиони случаи на инфекција, а повеќе од 230 000 луѓе починале.