Главниот командант на американската војска во Европа, генерал Тод Волтерс, рече дека „позицијата“ на американските сили во регионот треба да се „промени“ за да ја одрази растечката закана од Русија, пренесе Би-Би-Си.
Генералот Тод Волтерс, кој ја предводи командата на европските вооружени сили, за време на сослушувањето во Конгресот рече дека рускиот „бесмислен чин“ на инвазија на Украина е можност да се „преиспита постојаната воена архитектура што постои“ на Стариот континент.
Генералот Тод Волтерс додаде дека ова ќе вклучува и распоредување на војници во Источна Европа и „заштита на воздушниот простор“, како и поморски сили.







