Бројот на заразени од коронавирусот во САД е во пораст а бројот на починати надмина 250.000.
Според Универзитетот Џон Хопкинс, 250.029 луѓе починале од почетокот на пандемијата, а потврдени се скоро 11,5 милиони случаи на инфекција, пренесува Би-Би-Си.
Инфектологот Ентони Фаучи ги повика граѓаните да ги почитуваат анти-ковид мерките и апелираше да „издржат само малку подолго“ затоа што помошта во форма на вакцина е ‘на пат’“.




