Соединетите Американски Држави повикаа на отворен состанок на Советот за безбедност на ОН поради руската закана за Украина, јави Гласот на Америка.
Предлогот е да се свика во четврток следната недела – 3 февруари. Претстојниот состанок ќе даде можност да се разоткрие однесувањето на Москва и да се изолира Русија на светската сцена, изјави Линда Томас-Гринфилд, постојан претставник на САД во ОН.
„Повеќе од 100.000 руски војници се концентрирани на границата со Украина, а Русија спроведува други дестабилизирачки акции против Украина, што е јасна закана за меѓународниот мир, безбедност и Повелбата на ОН“, рече таа.
„Додека ги продолжуваме нашите континуирани дипломатски напори за деескалација на тензиите, Советот за безбедност на ОН мора внимателно да ги испита фактите и да размисли што е загрозено за Украина, Русија, Европа и главните обврски и принципи на меѓународниот поредок доколку Русија ја нападне Украина“, се вели во соопштението на Томас Гринфилд.







