Са јави и Тито: Борисов да не уценува со Гоце Делчев

„Апсолутно е неприфатливо Борисов да уценува со тоа или до октовмри да се реши прашањето за Гоце Делчев или Бугарија ќе има сосема поинаков однос кон Македонија во однос на интеграциите во ЕУ“, вели Тито Петковски поранешен претседател на Собранието и поранечен лидер на НСДП која е во коалиција со власта.



Петковски бил изненаден од настапот на бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната прес-конференција и смета дека наликува на уцена тоа што на новинарско прашање дали ќе ја блокира Македонија ако не се договорат историчарите до октомври, Борисов потенцираше дека мора да се најде решение до октомври.

Извор: Плусинфо