Универзитетскиот професор Нано Ружин смета дека таканаречениот „патоказ“ за надминување на македонско-бугарскиот спор е документ кој ќе биде само про-форма и дека нема суштински да ги разниша нашите позиции во преговорите со Бугарија за отстранување на блокадата за започнување на преговори со ЕУ.

„Заев и по цена на својата политичка кариера е подготвен за компромис. Веќе е јасно дека преговорите не ги нарушуваат идентитетските и јазичните вредности на македонскиот народ…
Сметам дека до сега е направен голем исчекор во преговорите“, рече поранешниот амбасадор во НАТО во вестите на Канал 5.
Ако констатираме дека Договорот не испорачува доверба, можеме да додадеме додатни механизми за следење на процесот, без да се прејудицира исходот на тие дебати и разговори, па и во форма на патоказ, најави вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи..






