Во саботата на 31. март, за само неколку часа се отстрелани 57 диви свињи, од кои 21 трофејна, иако ловот на крупен дивеч во ловиштето „Јасен“ завршува заклучно со 31. јануари.
Дел од ловџискиот тим за „масакр“ биле и Хари Костов (поранешен премиер и министер во МВР), Нано Ружин (поранешен амбасадор) и Бранко Бојчевски (поранешен директор на Бирото за јавна безбедност).
За своето задоволство групата ловџии платиле само 2400 евра, пишува порталот Нетпрес.
Ексамбасадорот Ружин денеска демантираше дека некогаш пукал од огнено оружје и дека учествувал во крвавиот пир на животни во Јасен.





