Руте: Пристапот на Албанија во ЕУ ќе зависи од исходот на изборите во Бугарија

Претседателските избори во Бугарија на 14 ноември ќе бидат клучни за патот на Албанија и Северна Македонија кон ЕУ, изјави холандскиот премиер Марк Руте вчера попладне во Тирана по средбата со премиерот Еди Рама.



„За Албанија да ја одржи својата прва меѓувладина конференција, од суштинско значење е да се решат прашањата меѓу Бугарија и С. Македонија. Се надевам дека ова ќе се случи. Направивте многу. Да бидеме фер, Албанија го постигна потребниот напредок“, изјавил Руте.

Во јуни оваа година, Советот за општи работи на ЕУ не постигна договор за почеток на пристапните преговори со Албанија и Македонија во ЕУ.

Бугарското вето за Северна Македонија ја оневозможи едногласната одлука на 27-те министри за надворешни работи, со која се казни и Албанија, пишува Exit.Al.

Рама му се заблагодари на Руте за неговото посредување со Бугарија и изрази надеж дека прашањето ќе биде решено од декемврискиот Европски совет.

За време на посетата на Тирана во септември, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека ЕУ работи на отстранување на сите пречки за Албанија да може да ја одржи својата прва меѓувладина конференција до крајот на годината.

Бугарскиот претседател Румен Радев од своја страна постави три услови кои Македонија мора да ги исполни пред Бугарија да биде подготвена да го укине ветото.

Се чини дека Радев ќе победи на изборите на 14 ноември, но ситуацијата во Македонија е помалку извесна, оценува порталот.