Русковска за големата акција: Нема осомничени полицајци, засега

Јавната обвинителка за организиран криминал и корупција Вилма Русковска која ја води акцијата што се одвива од рано изутрина вели дека засега нема осомничени полицајци но дека ако по проверките на одземените телефони има докази дека се инволвирани и овластени службени лица истите ќе станат осомничени.



Во голема полициска акција утрово приведени се над 20 лица, пронајдена и запленета е дрога, пари, автомобили, мобилни телефони, во денешната полициска акција во Грчец, Гази Баба, Чаир и Синѓелиќ.

Обвинителката Вилма Русковска во изјава за медиумите кажа дека тие имаат докази дека приведените лица сториле кривично дело „недозволена трговија со опојни дроги“. Пред акцијата не е спроведена финансиска истрага, од страв дека акцијата може да биде пробиена, но од понеделник ќе следи и финансиска истрага.

Русковска додаде и дека до сега нема осомничени полициски службеници, но понатаму ќе бидат вештачени одземените мобилни телефони и доколку се најде комуникација сигурно дека ќе бидат осомничени и овластени службени лица, пренесува Сител.

Обвинителката Вилма Русковска најави прес конференција за утре каде ќе соопшти повеќе детали во однос на полициската акција.