Запрашана каде завршила торбата со милионот земен од Орце Камчев, Вилма Русковска синоќа во гостување на ТВ Алфа одговори со контра-прашање:
„Вас ве интересира за торбата или парите? 148 илјади евра потрошени во продавници во Италија со мајка му. За тоа најдовме фискални сметки. Телевизија е скапа играчка. Јас знам дека тоа чини од 60 до 80 илјади евра месечно. Поготово, знаете кој калибар на новинари… Па сигурно, тие не седеле во таа телевизија зошто многу го сакаат и почитуваат Бојан Јовановски. Потоа еден џип, втор џип, трет џип. Добро, на лизинг ама и тој треба да се плаќа“, рече Рускоска, која синоќа гостуваше во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа пренесе Прес24.
Русковска, одговарајќина прашање меѓу другото изјави дека ќе ја напушти функцијата прв човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција само доколку републичкиот јавен обвинител Јовески го стори истото.






