Русковска: Сите што имаат докази за мене – да пријават

Откако Бојан Јовановски на денешното рочиште за „Рекет“ ја обвини Вилма Русковска дека е вмешана во корупција тешка 4 милиони евра, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска ги повика оние што имаат докази за некаков криминал – да ја пријават во полиција, .



Боки 13 во судницата денес рече дека има несоборливи докази и најави дека ќе поднесе кривична пријава против Русковска, но и уште против 18 лица.

Обвинителката Рускоска во телефонски разговор за Сител рече дека сите што поседуваат докази за нејзина вмешаност во корупција, да ги информираат надлежните институции.

„Јас ги охрабрувам сите што имаат докази за мене или било кој за сторено кривично дело, веднаш да пријават во полиција. Кривични пријави се поднесуваат и до обвинителството, но во пракса, тоа најчесто се прави до Министерството за внатрешни работи“, изјави Рускоска.