Јавната обвинителка Вилма Русковска, во среда се враќа од одмор на работа, по што во периодот што ќе следува се очекува сите инволвирани во случајот „Рекет“ да бидат повикувани на распит или сослушани во обвинителството. Дознава Сител.
Меѓу нив и шефицата на СЈО, Катица Јанева, но не се открива кога тоа точно ќе се случи, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски според кој заради успешно водење на истрагата не може да се соопштуваат детали за повикувањето.
Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, која го води случајот Империја во вторник во ОЈО ќе даде исказ пред обивнителот што ја заменува Рускоска додека е на одмор.
Стефанова беше спомената во снимките што деновиве ги објави италијанскиот „Ла Верита“, каде се слуша како Катица Јанева на бизнисменот Орце Камчев му вели дека „не ја држи редовно Лиле под контрола, но дека таа не може ништо без неа“.
Стефанова, изјави дека решенијата со кои СЈО дава согласност за полесни мерки за осомничените ги носела лично Јанева и покрај нејзиното противење.





