„Му кажав на (Љуибомир) Јовески дека ми се јавил (СДаШо) Милајков и дека сака да се предаде во ОЈО ГОКК. И така и се случи, открива порабнешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во поткастот на ИРЛ за ланското фамозно исчезнување на поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков во пресрет на изрекувањето на пресудата за случајот „Таргет Тврдина“.



„Истражителите што се во обвинителството го чекаа долу. Јас воопшто не се видов со него затоа што обезбедивме просторија на вториот кат и тука се чекаше решението од судот за куќен притвор кој беше услов на Сашо Мијалков – да се предаде и да оди во куќен притвор.

Првиот пат му реков јас морам да разговарам со републичкиот обвинител, јас таа одлука не можам сама да ја донесам.

И кога ми се јави републичкиот обвинител јас му кажав дека Сашо сака да се предаде и дека услов е да биде во куќен притвор. Републичкиот обвинител се согласи со тоа’, вели доскорешната главна обвинителка за организиран криминал.