Русковска почестена од предлогот на Заев таа да го води новото ЈО

Вилма Рускоска вели дека е чест што е предложена да го води новото Јавното обвинителство за организиран криминал и висока корупција.



„Чест е во секој случај за кој било обвинител, така и за мене тоа што го предложи премиерот, но мислам дека е премногу рано и за честитки и за што било друго затоа што сепак тоа е Предлог-закон кој треба да оди во собраниска процедура. Може да има многу амандмани и не знаеме конечната верзија на тој закон како ќе излезе од Собранието“, вели Рускоска за емисијата „Код“.

Интервјуто на Русковска ќе се емитува утре, дел беше пренесен синоќа во дневникот на ТВ Телма.