Русковска: Парите од набавката за која е осомничен Зеќири завршиле во хрватската фирма

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во Топ тема изјави дека парите за кои ОЈО го гони поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири завршиле на сметките на фирмата во Хрватска.



Зеќири заврши во притвор поради незаконски склучен договор за изработка на физибилити-студија за трансформација на „Македонска пошта“. Тој заедно со двајца хрватски државјани се товари за проневера на 145.000 евра.
Русковска вели дека е чудно како Зеќири не се консултирал со никого, со оглед на тоа дека за секоја набавка од над 400.000 евра треба да има и меѓународен тендер, но во случајот не е побарана ниту согласност од Бирото за јавни набавки. Инаку, Зеќири си поднесе оставка од функцијата откако се обелодени аферата.