Поранешната шефица на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска отвори војна со луѓе од врвот на СДСМ и ДУИ кои и нуделе висока функција за да запре истраги кои веќе биле почнати.
,,Истите личности кои ми нудеа да бидам заменик државен обвинител за да се прекине истрага за предмет се оние кои се обидуваа да ми вршат притисок додека го водев Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција”, вели во интервју за А1он обвинителката Вилма Русковска. Кој бил тоа, не открива, но вели, кажала на оценската мисија која го „тресе“ Судскиот совет, а чии членови се заинтересирале и за причините зошто таа е оддалечена од обвинителската функција.
Според неа, предметите кои пресудиле да биде суспендирана, а потоа и пред разрешување се оние кои ги отвори против функционери од актуелната власт. Очекувања на поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, според информациите кои ги добила, се дека Советот на јавни обвинители ќе ја разреши од обвинителската функција.
Најмалку 4 истраги кои Русковска го водеше додека беше шефица на обвинителството за организиран криминал се замрзнати откако таа беше заменета со Ислам Абази човек на ДУИ.
Единствени луѓе кои имале моќ да и нудат висока функција на Русковска за да запира предмети се високи функционери на СДСМ и ДУИ или луѓе на овие две партии кои поставуваат свои блиски на значајни места во правосудните органи.
Во истрагите што ги водеше Русковска има најмалку 4 лица од поширокиот и потесен врв на СДСМ и ДУИ.
Целата сторија и видео на А1он
Најчитани вести
Само што се врати во СДСМ ДУИ удри по најзвучниот проект на Заев






