Кривичниот совет при Основниот Кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за обвинетиот Миле Јанакиевски донесе решение со кое предлогот се одбива како неоснован.
Апелациониот суд Скопје со решение КЖ 605/21 од 18.11.2021 година
на обвинетиот Јанакиевски му ја укинал мерката куќен притвор, определена за
предметот КОК 53/17 во јавноста познат како „ТНТ“ и му определи мерки за
претпазливост.
Обвинителството денеска поднесе предлогот за определување мерка притвор за предметот со КОК 2/20 поврзан со настаните од 27 – ми
април, а Кривичниот совет, при одлучувањето, ја имал во предвид одлуката на второстепниот суд.
Советот воедно смета и дека во новиот предлог не биле понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на
построги мерки од они кои веќе опстојуваат против обвинетиот.
Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апеалциониот суд во рок од 3 дена по приемот на решението.
Со оваа одлука по околу 4 години екс министерот Миле Јанакиевски добива решение со кое останува на слобода што го прави човек со најдолг притвор во Европа без да има правосилна пресуда против него.
Апелационскиот суд, во четвртокот ја укина мерката куќен притвор на обвинетиот во повеќе судски предмети, Јанакиески, и ја замени со мерка претпазливост, по што, како што информираат од Основен Кривичен суд – Скопје, дури по 5 дена денеска, Обвинителството поднело предлогот за определување мерка притвор за предметот со поврзан со настаните од 27 – ми април.
Јанакиески е обвинет во повеќе предмети, помеѓу кои „Т.Н.Т.“, „Титаник“, „Талир“, „Топлик“, „Траекторија“ и „Шпански скали“.






