Русковска најавува уште едно обвинение за „Рекет“


При крај е втора истрага за случајот „Рекет“ и обвинителката за организиран криминал  очекува на почетокот на јануари да биде подигнато обвинение.



„Се привршува истрагата. Се надевам дека на почетокот на јануари ќе биде подигнато обвинение“, вели Вилма Рускоска.

Истрагата е отворена околу исплатата на 720 илјади евра и за парите од струшката фирма на невладината организација на Бојан Јовановски. Покрај Бојан, осомничени се неговиот татко  Миле Јовановски, Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, дознава Макфакс.