Обвинителката Вилма Русковска вели дека ѝ било нудена позиција на заменик државен обвинител доколку ја прекине истрага за предмет по извесен предмет додека била на чело на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Во интервју за А1он Русковска не открива од каде доаѓале понудите но за тоа ја информирала оценската мисија која го „тресе“ Судскиот совет, а чии ченови биле заинтересирале и за причините зошто таа е оддалечена од обвинителслката функција.
Според неа, предметите кои пресудиле да биде суспендирана, а потоа и пред разрешување се оние кои ги отвори против функционери од актуелната власт.
На прашањето дали има аспирации да се кандидира за државен обвинител, бидејќи на актуелниот Љубомир Јовески мандатот му истекува во декември годинава, таа вели: „Сега за сега, како што стојат работите, не“.






