Обвинителка за организиран криминал Вилма Русковска му дава шанса на Министерството за внатрешни работи (МВР) да отвори постапка за случајот „Мафија“, па дури потоа ќе одлучи дали Обвинителството ќе отвори предмет по допрен глас.
Русковска оваа го изјави за Алфа, а станува збор за аферата што вчера ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ за најмалку 200 пасоши со украдени идентитети што им ги издало македонското МВР на познати балкански нарко-босови и криминалци.
„Ќе почекаме да видиме дали МВР ќе отвори постапка, па потоа ќе одлучиме дали ќе отвориме предмет по допрен глас. Сепак треба да се даде шанса на надлежната институција“, изјави Русковска.
Плусинфо јавува дека се обиделе да го исконтактираат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, но безуспешно.
Единственото нешто што се дознава е дека МВР наскоро ќе свика прес-конференција на која ќе открие повеќе детали за случајот.







