Русковска: Катица Јанева не би избегала од земјава

Во интервју за емисијата „Код“ обвинтелката Вилма Русковска изјави дека Јанева не била под ПИ мерки и оти таа лично не верува дека избегала од државава затоа што тука имала живот и семејство, пренесе Пресинг.ТВ..



Русковска вели дека не знае каде е шефицата на СЈО која во понеделникот поднесе оставка, а од 16 јули, официјално е на боледување

Рускоска информираше дека двајца обвинители од СЈО стапиле во контакт со неа и се информирале дали треба да дојдат во Обвинителството да дадат исказ.

Министерот за внатрешни, Оливер Спасовски, денеска изјави дека
МВР не знае каде се наоѓа Катица Јанева, бидејќи нема обврска да го следи движењето на секој граѓанин.