Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Рускоска не стравува дека ќе биде сменета.



„Според новиот закон за јавно обвинителство, не постои опција кој било шеф на обвинителство да се смени поради нестручност и некомпетентност. Сега не постои таква можност.

Кривично дело немам направено, барем јас не знам дека сум направила, така што сметам дека и да сакаат да ме сменат, нема можност“, порача Рускоска во интервју за „Призма“.

Неодамна и бившата шерфица на бившото СЈО, Катица Јанева, тврдеше дека не може да биде сменета.

Во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев за тоа дека во неа нема доверба за предметот на Рашковски, таа вели дека политичарите за постапките што се водат во Обвинителство или во суд не треба да коментираат.

Нашиве политичари никако да го разберат тоа“, истакна Рускоска.