Вибер комуникацијата откриена од ВМРО-ДПМНЕ која покажува сериозен криминал во МВР Прилеп во кои има индиции за организирана група треба да биде истражувана од страна на Јавното обвинителство на Вилма Русковска.
Конкретно одгорна за овој вид криминал е Гордана Смаќовска, обвинител во ЈО за организиран криминал која се занимава со припадниците на полиција фатени во криминал и корупција.
Засега од Јавното обвинителство на Русковска нема најава дека Смаќовска чија ќерка е на листата на нововработени обвинители и судии започнува истрага или предистрага за скандалот според кој прилепски полицајци се договарале како да малтретираат политички противници на СДСМ.
Правосудни извори тврдат дека обвинителката Гордана Смаќовска според процедурите во ЈО треба да ти провери следниве прашања:
• дали полициските службеници од ХХХ вибер групата која ја објави ВМРО-ДПМНЕ
се истите кои на денот на изборите биле задолжени со наредба за вршење на служба на подрачјето на Полициската станица Прилеп
• каде биле распоредени членовите на групата?
• какви наредби имале ?
• какви дејствија преземале ?
• кој е креатор и администратор на вибер групата
• со која цел е формирана групата ?
Со мал напор Смаќовска може да ја заврши предистрагата и да даде одговор на сите отворени прашања.
За оваа цел Смаќовска треба да ти провери телефоните на членовите на групата кои треба да се достапни со обична наредба од обвинителството.
На потег е ЈООК, Русковска и Смаќовска кои ако не постапат самите се соочуваат со повеќе кривични дела.






