Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција што го предводи Вилма Русковска ги добие инкриминирачките материјали од кои се гледа дека има промена на документи во кои е сменето име на лицето “Вице” поврзани со случај на изнуда од 250 илјади евра од компанија која добила тендер во РЕК Битола.
“Денеска до ЈО доставив докази кои беа објавени во медиумите за кои предлагам да бидат проверени а се во врска со криминал со државни тендери во РЕК Битола а се поврзани со Вице”, објави пратеникот Миле Лефков.
Вчера ВМРО-ДПМНЕ на брифинг објави две верзии на пријава испратена до ЈО, во една верзија стои името на Вице а во втората не стои поради што опозицијата бара да се процесира предметот кој цела година е заглавен во обвинителството.
Вчера обвинителството јавно побара да бидат доставени докази за промена на имињата во документите по што денеска доби докази за делото за кое сега може да постапува против лицето Вице.
“Имајки ја во предвид должност на обвинителството која произлегува од принципот на официјалност на кривичната постапка, како и моја должност како граѓанин и како пратеник во Собранието на Р.Македонија да укажам на околности кои ми се познати а се од важност за откривање на кривични дела”, порача Лефков.
Вчера за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ реагираше Вице Заев, брат на премиерот Зоран кој негира криминал од негова страна и тврди дека опозицијата има опсесија со неговиот лик.






