Русковска добила налог од судија за тендерот за веб сајтот на ДИК

По допрен глас Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција започнало проверка на тендерската документација за набавка на софтверот за веб сајтот на Државната изборна комисија кој пасн ама денот на изборите.



Според обвинителката Вилма Русковска, ОЈО по добиени јавни информации за можна незаконска постапка во ДИК побарало налог од судија за со претходно добеин налог за одземање на тендерската документација.

„Тендерот бил од месец февруари оваа година па е поништен и ние од судија побаравме да издаде наредба да се одземе комплетната документација, значи од почетокот на тендерот до последната набавка за да се провери дали се е во ред или пак не е“, изјави Вилма Русковска, шеф на Обвинителство за гонење на организиран криминал.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски веќе потврди дека утринава во комисијата биле обвинители од ОЈО и ја одзеле тендерската документација за набавка на софтверот.

Во меѓувреме од МВР велат дека истрагата на одделот за компјутерски криминал за хакерскиот напад се уште е во тек.

Паралелно на барање на Дерковски ДИК започнала иницијатива за дисциплинска постапка за одговорност на раководителот на ИТ секторот за настаната ситуација со хакерскиот напад на сајтот.

Веб траницата на ДИК не работеше повеќе од 24 часа по изборите поради што граѓаните не можеа да ги следат изборните резултати.