„-Доколку судот одлучи во моја корист, парите ќе ги донирам во СОС детското село“, вели шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска која преку тужба за клевета бара 10.000 евра отштета од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи ги користеше нејзиното име и лик во предизборната кампања.



Во изјава за медиумите, таа денеска најави дека ако ја добие тужбата, ќе ги донира парите во СОС Детското село.

„Јас прво побарав извинување и повлекување на спотовите додека траеше предизборната кампања. Тоа не се случи и од тие причини преку адвокат ја поднесов тужбата. Сметам дека таа сума е реален износ, повеќе симболичен, а доколку со правосилна пресуда ми биде досуден износот, сакам да го донирам во СОС Детското село затоа што сметам дека во оваа пандемија може малку и се заборави на оваа институција, а знам дека тие опстануваат од донации“, изјави Русковска.