Рускоска за „27 април“: Организаторите имале план

Во завршните зборови за предметот „организаторите“ на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, обвинителката Вилма Русковска обвини дека Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Спиро Ристоски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски направиле план за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за да спречат мирно примопредавање на власта, што довело до напад на Собранието.



Груевски уште во февруари 2017 година ги повикуваше граѓаните „да не седат дома во папучи“ и „да ја земат судбината во свои раце“, рече Рускоска.

Според обвинението, споменатите се осомничени за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност, односно дека тие од партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ издавале команди за делување на полицијата и на напаѓачите.

Според обвинителката, обвинетиот Трајко Велјаноски, не само што со своето однесување како претседавач на Собранието, директно придонел за насилството што се случи на 27 април 2017 година, туку и го оправдува. Таа прочита порака од Велјановски, пратена до пратеникот Илија Димовски, со содржина „гледајте, ако стварно го бират Талат во 17 одма десетина пратеници пред кабинет кај мене за да го бранат кабинетот. Пола пред кабинет, пола во сала”.

  • Инаку во претходен друг судски процес за „27 април“, осудени беа 16 лица на затворски казни од над десет години, односно вкупно 211 години затвор за кривично дело терористичко загрозување на државниот поредок.

Дванаесет обвинети меѓу кои и тогашните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов добија амнестија. Дел од нив подоцна гласаа за промена на името во Северна Македонија.

Судот треба да закаже датум и за завршните зборови на одбраната, по што ќе следува пресуда за случајот.